Вака треба да изгледаат вистинските паметни часовници

Паметните часовници можеби се преносни компјутери на иднината, но барем засега или премногу наликуваат на пластични играчки или се помалку функционални. Ова го натера Габор Балог од Унгарија да креира сопствен концепт на паметен часовник, кој не само што ќе биде функционален, туку ќе биде и со допадлив дизајн. Според замислата часовникот ќе се поврзува со паметен телефон и ќе испраќа предупредувања и известувања. Основниот дизајн на часовникот е на Triwa, a дизајнот на апликациите и сите додатоци кои доаѓаат од интеграцијата со телефонот се на г. Балог.

Покрај имињата на пријателите кои ве повикуваат, часовникот прикажува и икони од апликациите, мапи или информација за песната која корисникот ја слуша на паметниот телефон. Освен ова г. Балог има неколку идејни решенија за изглед на презентациите за временската прогноза, апликации за мониторинг на работата на срцето, мапа, планер и други фитнес апликации.

„Ми се допаѓаат производи со дискретна технологија, кои кога ги употребувам ќе ми го олеснуваат животот, а не само да ми ги променат деновите“, изјави г. Балог во интервју за Verge.

1 коментар на “Вака треба да изгледаат вистинските паметни часовници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии