uTorrent за Android сега доби WiFi Оnly верзија

Битторент клиентот, uTorrent, има нова надградба на својата Android верзија. Од сега uTorrent за Android ќе има опција да симнува содржини, единствено кога телефонот ќе биде во домет на WiFi мрежа. Покрај ова подобрена е и стабилноста на uTorrent- Аndroid.

Надградбата треба да овозможи поголема удобност при работење со апликацијата, бидејќи нема да треба да ги менувате нагодувањата на вашиот телефон. Отсега uTorrent за Android ќе симнува додека сте приклучени на WiFi, а доколку сте на Edge или 3G апликацијата нема да продолжи со симнување на торентите. Надградбата е достапна на блогот на uTorrent

Новиот WiFi мод овозможува паузирање на предземањето секогаш кога ќе излезете надвор од WiFi и автоматско продолжување кога WiFi ќе биде повторно достапна. Ова значи дека ќе можете да предземате содржини без да се грижите за „мобилниот интернет“. uTorrent за Android овозможува паметно предземање на содржини, Без ограничување на големината е брзината на фајловите. Исто такa, вклучува и RSS подршка која додава многу независни уметници (Кој ви се достапни благодарение на BitTorrent).

Апликацијата е засега бесплатна, но сè уште  е во бета-верзијата.