uTorrent е достапен за Android, работи и на постарите верзии

BitTorrent ја објави бета верзијата на популарната апликација за симнување, uTorrent за Android. До сега над 150-те милиони корисници можеа само далечински преку мобилен да го контролираат симнувањето на десктоп верзијата на uTorrent. Но, со Android апликацијата корисниците ќе ги добијат сите познати функционалности како лимитирање на сообраќајот и претплата на RSS фидови. Како и кај десктоп верзијата, симнувањето преку uTorrent е оптимизирано да не пречи на сурфањето на мобилен, секако ако не претерате со бројот на конекции по торент.

Но, знаејќи ја цената и лимитот на мобилниот интернет во Македонија, можеби и не е паметно да се користи оваа апликација освен ако не сте на домашна WiFi мрежа. Доколку сте, сигурно може да си сименте музика или филм за да гледате на својот телефон било каде и да сте.

Што се однесува до iOS верзија, BitTorrent вели дека во моментот ќе се сконцентрираат на Android корисниците, додека iPhone и iPad корисниците можат да го користат далечинското контролирање на десктоп верзијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии