Успешно лансиран првиот лет со посада на SpaceX

Дејан Соколоски

во Вести

Роберт Бенкен и Даглас Харли се на пат кон Меѓународната вселенска станица. Полетувањето од космодромот Кенеди е успешно и го очекуваме пристигањето на Вселенската станица. Летот е заедничка мисија на SpaceX и NASA.

Лансирањето за разлика од минатиот пат кога беше одложено сега се одржи во предвидениот термин. Астронаутите се на пат кон Вселенската станица и за неколку часа треба да пристигнат. Спојувањето е целосно автоматизирано, а астронаутите ќе имаат краток период за тестирање на мануелен пристап кон вселенската станица. По ова системот за навигација ќе преземе контрола и автоматски ќе се „закачи“ на станицата. Астронаутите ќе ги поминат следните четири месеци на станицата, по што ќе се вратат дома.

Мисијата наречена Демо-2 треба да ги потврди можностите на Dragon капсулата, но и на Falcon-9 ракетите. Можностите на овие ракети се потврдени повеќе пати, но ова е првпат да се користи Dragon капсулата со екипаж. Претходните тестови беа за системот за прикачување и слетување и беа без екипаж.

Ова е прв лет со екипаж од САД од 8 јули 2011, кога Атлантис за последен пат полета од Вселенскиот центар Кенеди. Последните 10 години летовите до Меѓународната вселенска станица се прават со руски летала. Иако ова веројатно го претставува крајот на монополот на руските летови, ќе биде интересно да се види што ќе значи за руско-американската соработка.

Интересно ова е историски момент и за приватниот сектор. Летот на Space X е прв лет на приватна компанија со која астронаути се испраќаат во орбита.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии