Услугите на PayPal ќе се целосно достапни во Србија oд октомври

PayPal го најави официјалниот влез и комплетното функционирање во Србија од 8 октомври. Со ова во Србија ќе бидат достапни сите услуги кои ги нуди меѓународниот финансиски сервис, кој влезе во земјата во април 2013 година. На почетокот, па се до јули беа можни само исплати кон странство, но веќе жителите на Србија можат да прават купуваат во локалните продавници и странците можат да купуваат од Србија преку PayPal.

Сега корисниците ќе можат да примаат и испраќаат пати за продажба на роба или услуга; примаат и испраќаат пари преку Request Payment; примаат и испраќаат пари од странски компании, профитни и непрофитни организации. Услугите автоматски им се достапни на сите корисници без посебна активација, пишува Startit.

Овие услуги во Македонија би можеле да бидат достапни од следната година, доколку се задржи праксата која ја има PayPal да ги воведе сите услуги една година по официјалното нудење на услугите.