Уште ќе се чека за модернизација на МАРНет… уште малку и готово!

Процесот за поедноставување на работата на МАРНет со која ќе се либерализира доменот и ќе може да се размислува на електронско регистрирање на домени од физички и правни лица е влезен во програмата на Владата за 2012-та година, вели директорот на МАРнет, Сашо Димитријоски за Нова Македонија.

„Влезен во програмата“ може да значи дека ќе помине уште некој месец додека видиме модернизиран Македонски регистар на интернет поддомени, иако уште пред една година МАРНет беше ослободен од УКИМ да функционира како посебна тело во рамките на Министерството за информатичко општество. Тогаш, пред една година, беше најавен и нов правилник за регистрација на домени кој требаше да биде јавно дискутиран.

„Корисниците реагираат дека регистрацијата на врвниот македонски домен (.мк) и неговите секундарни и терцијарни поддомени веќе станува невозможна со оглед на долгите бирократски процедури, поради кои овој процес ни одблизу не личи на електронска услуга.“, пишува Огнена Костова за Нова Македонија.

Наместо либерализација, денес .мк домените сè уште се регистрираат „пешки“, односно потребно е да сте правно лице, да потполните печатен формулар за регистрација, да отидете во МАРНет и тоа во тие четири часа кога се примаат регистрациите.

„Секоја апликација доставена до МАРНет се реализира во предвидениот рок, а тоа е еден работен ден. Процесот сé уште го вршат вработените на Министерството за информатичко општество и администрација, но тој полека се префрла во рамките на работата на „Марнет“. Имајќи предвид дека регистарот е формиран како посебна институција, од почетокот на 2012 година „Марнет“ има свој буџет и е во фаза на вработување лица што ќе бидат задолжени за извршување на регистрацијата. Во однос на поедноставување на процесот, тој веќе е влезен во програмата на Владата за 2012 година. За негова реализација потребно е исполнување на одредени технички услови. Дотогаш барањата ќе се доставуваат по пошта или во архивата, но како што веќе спомнав, нема доцнење или одложување на регистрирањето.“, вели г. Димитријоски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии