Уште една успешна кампања на Final Frontier Games

Македонските развивачи на друштвени игри, Final Frontier Games имаат нова успешна Kickstarter кампања. Во моментов кампањата е активна едвај неколку часа, а поддржувачите помогнаа прагот да се надмине речиси два пати. Досега играта ја поддржаа 739 купувачи.

Rise to Nobility: Beyond е експанзија за огромниот успех Rise to Nobility. Оваа игра е еден од најуспешните проекти направени во Македонија. Новата надградба ја проширува играта со дополнителни елементи, кои па не само што додаваат нови делови, туку овозможуваат и нова стратегија и начини за победа.

Експанзијата во кикстартер претпродажба чини 34 долари. За 124 долари е достапна делукс верзија на основаната игра заедно со експанзијата и интересни додатоци, пример метални парички.

Rise to Nobility e тематска, „dice/worker placement“ игра. Играчите се борат за превласт во светот на „Five Realms“. Основната верзија на играта има 10 рунди во кои играчи можат својот карактер да го донесат до победата. Rise to Nobility успеа да собере 370 760 долари и со тоа е „македонски кикстартер рекордер“.

Заедно со дечките од Гоблин Друштвени игри ја имавме можноста да ја отпакуваме Rise to Nobility и да ѕирнеме што има во кутијата, погледнете го видеото тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии