Уште еден успех за македонските друштвени игри на Kickstarter – Archona Games ги собраа потребните средства за неколку часа

Експанизиите за Small Star Empire успеаа да ги соберат потребните средства на KickStarter за помалку од четири часа. Заедно со експанзиите на дел од кампањата е и втората верзија на Small Star Empire. Ова е трета игра, во случајот експанзија од Archona Games, која успешно го надминува прагот за реализација. Досега играта собра речиси 22.000 долари од 365 поддржувачи. Сепак ова не е изненадување за авторот и дизајнерот на играта и експанзиите Милан Тасевски:

Па очекувавме искрено за оваа игра бидејќи е веќе распространета од првата кампања. Гледам дека има доста повратници кои се вратиле да си ги земат само експанзиите.

Двете нови експанзии додаваат значителна длабочина во играњето, различни стратегии и начини за победа. Поради ова играта сигурно ќе добие и нови играчи кои сега ќе бидат позаинтересирани за новите механики.

По надминување на минималниот праг, Archona Games можат релаксирано да се посветат на идните цели. Всушност во моментов само што е надмината и втора дополнителна цел. Така, сите кои ќе ја купат или веќе ја купиле играта ќе добијат поквалитетна изработка и нови неистражени системи во галаксиите.

Цената на втората верзија на Small Star Empire и двете експанзии е 59 долари, a испораката започнува во ноември оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии