Уште еден фантастичен Game Jam! Над 160 учесници направија 32 игри за само два дена

И третта година се креираа игри од „нула“ на Global Game Jam, настан кој се одржа паралелно во целиот свет, како и во Скопје и Битола. Над 160 натпреварувачи направија 32 креативни игри за само 48 чеса. И повторно Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА) ги собра ентузијастите за видеоигри да направат уште еден успешен гејминг хакатон, кој за прв пат имаше големи спонзори како Македонски Телеком, српскиот Nordeus, и израелскиот TabTale.

Поделени во градови, во Скопје имаше 95 натпреварувачи или 17 тимови што направија исто толку игри. Во Битола имаше 70 натпреварувачи и 14 тима кои поминаа два непроспиени денови да го работат тоа што најмногу го сакаат – да креираат игри.

„Се испија 150 литри сок од Бимилк, се изедоа две вечери од 7-ца, ручеци и награди од Nordeus, се поделија таблети од TabTale, падна една фул стипендија од SEDC, се мезеа грицки од Виталија. Истите овие беа х2… и во Битола се разбира! Се програмираше 58 часови, се потрошија 30 ролни тоалетна хартија, се испија 584 кафиња и целото Несквик, 350 литра вода. 30 продолжни кабли, 21 USB WiFi стикови и околу 30 водени маркери за whiteboard беа вклучени во организацијата. Освен членовите на МАГДА од Скопје, помогнаа и 5 до 7 волонтери кои се уште не можат да се опорават. Се играа игри… претежно добри, но се играше и DotA и LoL. Отидоа околу 150 гига интернет. Се изморивме прилично, но ќефот се мери во гугли!“, вели Гораст Цветковски, еден од организаторите на настанот во Скопје.

Овогодинешната тема за игри беше „What do we do now?“. Првите три места во Битола го освоија тимот Весели Поточиња со играта Robo Neckpain; Karton Games со BOB RG-42 и Wolfpack сo играта Gray. Во Скопје наградени се игрите Super Omega; We present future past и Destiny Foretold. Игрите креирани на Global Game Jam во Скопје и Битола може да ги разгледате, преземете и изиграте од тука.

„Одлично си поминавме“, вели битолскиот организатор Петар Koтевски. „Имавме околу 70 учесници, и над 100 посетители. Работеа 14 тимови и сите презентираа игри. Беше многу весело и во ситните часови наутро кога се промовира и официјалниот хит на овогодинешниот гејмџем во Битола – песната „Жаклина“ од Цане Николовски, кој што се слушаше скоро секои 5-10 минути од различен компјутер (ама на општо задоволство)“.

Со Петар разговараме за развивањето игри во Македонија и на подкастот #ИТН, кој мoже да го преслушате подолу. Интервјуто започнува од околу 24-та минута, но нема зошто да не го преслушате триесет-минутниот подкаст за информатика, технологија и наука. :)

ITN Podcast E10 by Radio Mof on Mixcloud

2 коментари на “Уште еден фантастичен Game Jam! Над 160 учесници направија 32 игри за само два дена

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии