USB клучеви ја чуваа безбедноста на претседателските кампањи во САД

Дејан Соколоски

во Вести

Претседателската кампања во САД заврши, и полека се подготвуваат за промена на претседателот. Можеби помалку изненадувачки е што за разлика од минатите избори досега немаше никакви протекувања на податоци од кампањите на двајцата кандидати.

Учесниците во кампањата на претседателските кандидати оваа година користеа безбедносни токени (клучеви) од компании како Google и Yubico. Ова во голема мерка е една од главните причини што овие избори се побезбедни.

Google пред изборите донирал на 10 500 токени кои ги дистрибуирале во соработка со непрофитната организација Defending Digital Campaigns. Овие клучеви биле давани бесплатно или по намалена цена, јави CNBC.

Безбедносни експерти од кампањите велат дека обиди за фишинг измами имаше и овие избори, но учесниците во кампањата беа подготвени и имаа алатки да ги запрат.

На претходните избори 2016 беше пробиен имејл серверот на демократската партија потоа пораките од овие сервери беа споделени на Wikileaks. Тогаш кандидатката Хилари Клинтон беше фаворит во претседателската „трка“. Овој настан е една од причините за поразот.

Споредбата на овие две кампањи е одличен показател за потребата од поголема безбедност барем кај критичните корисници. Овие токени се подобра алатка за заштита која во иднина треба да ги замени SMS и сличната двојна авторизација. Токените се најавуваа како следниот чекор за поголема безбедност веќе неколку години, но барем засега недостасува поголема прифатеност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии