USAID oбјави водич за користење на друштвените мрежи во граѓанското општество

USAID објави прирачник за користење на друштвените мрежи, пренесува Радио МОФ. Прирачникот доаѓа под името „Друштвени Мрежи: Водич за зајакнување на граѓанското општесто преку социјалните медиуми“, а е креиран од тимот предводен од Тина Јесајан. Публикацијата е поделена во неколку делови: Вовед во друштвените медиуми; популарни платформи; капацитет на друштвените медиуми за градење и зацврснување на граѓанско општество; развој на гласачкото тело преку друштвените медиуми; и безбедност и приватност.

„Меѓународната мисија е во формално и неформално партнерство со локалните организации да се изгради инклузивна, одржлива заедница во кои луѓето ќе напредуваат. Се надеваме дека овој водич ќе биде основна алатка за граѓанските организации за поефикаснио и наменски да ги изврпуваат своите задачи во служба на нивната заедница“.

Во публикацијата се спомнати најголемите: Facebook, Twitter, YouTube, Google+ со совет и примери за нивно користење и едноставни објаснувања за некои примени. На пример за добар пример од Facebook е спомната играта „Our City“ во која најмладите жители на Јордан се запознаваат со граѓанското општество. Покрај теориските објаснувања, водичот доаѓа и со практични и едноставни објаснувања, упатства за креирање, одржување и ангражирање на читателите.

1 коментар на “USAID oбјави водич за користење на друштвените мрежи во граѓанското општество

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии