URL ловец, игра целосно во URL барот

Инспириран од оваа статија, искусниот Џонсон кој предходно работел во Maxis, креатори на познатите Sims, вели дека „било изненадувачки лесно да се направи оваа игра.“

Играта е едноставна: вие сте буквата „О“ која треба да ја изеде секоја буква А што ќе ја види. Се движите лево десно во URL барот кога ќе наидете на „А“ го корисните копчето за празно место за да ја „изедете“. Буквите А бегаат многу брзо и иако е едноставно не е баш лесно со оглед на тоа што имате само 30 секунди.

„Откако открив дека може да добијам солиден фрејм брзина во URL барот и откако видов дека времето за одговор на тастатурата беше добро, се си се вклопи на своето место. Првин мислев дека ќе биде добра вежба да си играм со HTML5 историјата, но открив дека тоа не ми дава некоја предност со користење на постоечките технологии. Користев Chrome за тестирање, во другите прелистувачи користењето на history.replaceState() ќе беше подобра опција.“

Џонсон вели дека иако URL hunter е апсурдна игра сепак ваквите едноставни и мали игри имаат повеќе потенцијал од големите како Sims, и дека во иднина сигурно ќе изведе некој сличен ваков експеримент.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии