Уредувајте видеа со Kdenlive

Kdenlive е моќно софтверско решение за детално уредување видео материјали.

По стартување на алатката, пречекани сте со интерфејс кој ќе биде инстантно препознатлив на сите што некогаш користеле уредник од ваков калибар. Имено, на левата страна се прикажани вашите видеа, а на десната прозорец преку кој ги прегледувате истите. Со стрелката од вашето глувче, фаќате и пуштате клипови на долната лента и ги спојувате, сецкате или разместувате. На располагање имате две ленти, што знае да биде исклучително корисно доколку сакате да наметнете ефект на поклопување, или на пооргански премин (од едно видео на друго). И во аудио одделот, на располагање имате две ленти.

Со Kdenlive, наметнување ефекти и премини е крајно едноставно. Она што треба да направите е да изберете нешто од огромната листа, да го „фатите“ ефектот и да го пуштите врз соодветниот клип. Кога се работи за активирање на премините (transitions), мало потсетување дека тие зафаќаат два клипа. Доколку кликнете на провлечениот премин ќе ви се отворат алатки за дополнително уредување на самиот премин.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии