Уредете ги сите прозорци кои ги отворате со WindowGrid

Дејан Соколоски

во Софтвер

WindowGrid е едноставна и малечка алатка која на корисниците им овозможува да го уредат распоредот на отворените прозорци. Користењето е едноставно и се базира на мрежа (решетка) со 12 колони и 6 реда.

Ова овозможува поставување на прозорците во овие рамки и креирање на распоред што корисникот едноставно може да го повтори.

Во однос на основното поместување, додадена е функционалност на десен клик на компјутерското глувче со која корисникот може да ги промени димензиите на прозорецот. Користењето е прилично едноставно. По инсталацијата WindowGrid овозможува додека со лев клик правите „drag & drop“ да притиснете и десен клик и да го активирате променувањето на димензии. Штом го активирате се појавува и решетката во која може да го движите прозорецот. Со држење на левото копче и поместување се поместува и прозорецот, а со додавање на десниот клик се менува и димензијата. Прозорецот се „лепи“ на најблиската решетка и за големината, и за поместувањето, што го олеснува димензионирањето во фиксни рамки.

Веројатно најголем недостаток е што изгледот не може да го зачувате. Иако ова е најавено за иднина, последната надградба е направена одамна и не веруваме дека ќе има нова.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии