Ураганот Сенди го натера Google да го откаже својот голем Android настан

Дејан Соколоски

во Свет

Поради опасност од ураганот Сенди делови од Њујорк и Вашингтон се парализирани. На временската неопoгода не останаа имуни ниту Google кој ја откажа прес конференцијата најавена за денеска. Откажувањето на настанот дојде откако гувернерот на државата Њујорк,Андрју Кумо, објави општа опасност, а местото за каде беше најавена презентацијата е дел од зоната за евакуација.

На настанот Google требаше да го презентира Nexus 4 телефонот, новата везија на Nexus 7, но се очекува и Nexus 10 таблет комpјутерот. Google гп одложи настанот со кратка порака:

„Го откажуваме настанот закажан за понеделник во Њујорк поради ураганот Сенди. Ќе ве исвестиме за понатамошните планови откако ќе знаеме повеќе.“

Истовремено Google објави Google Maps апликација која им дозволува на корисниците да ја следат патеката на ураганот, неговата моментална положба, локации на засолништа и објавени опасности.

Поради yраганот Сенди и дигиталнте изданија на New York Times и  Wall Street Journal ќе бидат бесплатни во деловите кои ги следат вестите за времето и движењето на ураганот, за полесно и побрзо информирање.

Веста за одложување на пресконференцијата на Google ќе ги насочи сите погледи кон Сан Франциско и презентацијата на Мicrosoft za Windows Phone 8 телефоните.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии