Надополнето: Sony го поправи проблемот со лозинките

Овојпат Sony реагираше брзо за разлика од првото пробивање на системот, за кој му требаа дури недела дена прво да го пријави пробивањето на лични информации на десетина милиони корисници, и околу три недели да го среди проблемот и да ја врати PlayStation мрежата онлајн.

</надоплнување:>

Само два дена откако нагласија дека „поправената“ PlayStation Network се рестартува со нови безбедносни подобрувања, се случи уште едно пробивање на гејминг платформата, пишува Nyleveia велејќи дека и самите ја пробале ранливоста откако го дознале методот.

Се претпоставува дека новото пробивање е од истата група на хакери која го хакна системот на 18-ти април. Сега хакерите го користат корисничкиот PSN имејл и датум на раѓање, податоци кои беа украдени претходно, за да го пробијат PSN системoт за ресетирање на лозинките, и да ги украдат новите лозинки. Sony побара од сите корисници да си ги сменат лозинките кога пред два дена го најави враќањето на PlayStation Network.

Моментално страната за промена на лозинката е изгасена. Има порака од Sony дека не се знае колку ќе треба да се поправи проблемот. Претходно, по првичниот хак на Sony му требаа три недели за да ја врати платформата онлајн.

5 коментари на “Надополнето: Sony го поправи проблемот со лозинките

  1. idi prvo procitaj sto e haker degen eden pa zbori . kako prvo hakerite se programerite koi gi praat programite a krakeri se tie sto gi praat glupostite obrazovaj se malce pa kritikuvaj degen eden

    1. Дете сам се глупираш. Оди прво образувај се па потоа навредувај луѓе од позади мониторот. Еден е терминот „хакер“ без разлика дали истиот гради или руши. Разликата е само дали е морална личност (White-hat) или неморална(Black-hat).

      On Topic: Уа за Sony!

  2. „Хакер“ најчесто е исто со гнаса од човек. Во реалниот живот, паралела му се луѓе кои гребат боја од автомобили, шкртаат шкрапаници по ѕидови (i.e. deface) или прават некоја слично бедна деструктивна активност.

    Уште полошо, под „хакери“ најчесто се (само)вбројуваат и т.н. script kiddies, полу-приучени деца кои до вчера инсталирале игри, а денес ископирале некоја скрипта за хакирање сајтови (на пример: "' or 'x'='x") па „парче прават“ по Нетов.

    1. Неможе да се ставаат сите „хакери“ во иста капа. Ги има многу видови, во хакери спаѓаат и луѓето што работат во sony кои ја програмирале страната. Тие што ја пробиваат си имаат своја причина и си зимаат пари за тоа. Ако е можно се една „ископирана скрипта“ да се хакне еден таков сервер, тогаш значи дека треба постоечките програмери да се заменат, со тие што го хакнуваат…
      Конкуренција…..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии