Упс, објавен торент со лични информации од 100 милиони Facebook профили

„Откако ги имав името и URL-то на корисникот, можев да му ја гледам сликата, пријателите, информациите за нив, и некои други детали. Ако корисникот си ја има подобро наместено приватноста, тогаш ќе му го видам името и сликата. Така, ако некој корисник кој може да се пребарува има пријателите кои не наместиле да се појавуваат на пребарувачите, тогаш тие пријатели се наместија да бидат пребарувани, дали тие сакале или не! Упс. :)“ вели Рон Баулс на својот блог.

Facebook одговори на ова дека тие информации се онлајн и дека ништо не е пробиено.

„Луѓето кори користат Facebook се сопственици на своите информации и имаат право да ги споделуваат како сакаат и со кого сакаат и кога сакаат. Во овој случај информациите за кои луѓето се согласиле да бидат јавни беа соберени од еден истражувач и веќе постојат на Google, Bing и други пребарувачи, како и на Facebook.“ изјави друштвента мрежа.

Но се чини дека Facebook, кој е комплетно во право, сепак сака да ја смири ситуацијата да го избегне фактот дека овој „експеримент“ повторно ја истакнува ранливата приватноста на мрежата.

Прво интересно нешто од овој „експеримент“ е што лични податоци на 100 милиони корисници тежат само 2.8 GB.

Второ ова повторно ги истакнува проблемите со безбедноста и сетирањето на опциите на Facebook и фактот дека луѓето не ги разбираат опциите за приватност! Друштвената мрежа треба да ги намести опциите по зададено да бидат комплетно приватни. Напротив, Facebook постојано се труди да ги натера луѓето да објавуваат јавно информации , па така ги сетира и „препорачаните“ опции за приватност. Но.. многу од корисниците не знаат како им се сетирани или не умеаат да се снајдат со опциите, и затоа тие ќе се најдат во торент фајлот.

Трето, г-дин. Баулс ги објави јавно торентот и процедурата за собирање. А што ако не ги објавеше и прокопаше малку повеќе за, пример, вас!? Многу е јасен првиот коментар оставен на блогот.

„Со растот на Facebook се повеќе хакери се фокусираат на мрежата. Безбедноста станува навистина важна“ коментира junofeeng.

Доколку сака вашите информации од Facebook профил да не се појавуваат на интернет пребарувачите треба да го направите следново:

  • Отидете на Privacy Settings (Подесување на приватноста)
  • Доле лево кликнете на Applications and websites (Апликации и веб страници)
  • Најдолу на Public Search -> Edit Settings
  • Одштиклирајте го Enable Public Search

1 коментар на “Упс, објавен торент со лични информации од 100 милиони Facebook профили

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии