Упс, некој направил мапа на хакнатите корисници на AshleyMadison.com

Како корисниците на AshleyMadison.com да немаа доволно причини за грижа. Откако им беа украдени личните податоци од сајтот за романтични состаноци, на интернет се појави интерактивна мапа со нивната точна локација, креирана по дистрибуцијата на машки и женски членови на сервисот. Но, во објаснувањето се вели дека на мапата се присутни само градови, а не улици за за да не се открие точниот идентитетот на корисниците.

Мапата е составена од 50.000 локации на кои се прикажани најголем дел од 30 милиони корисници на сервисот. Доколки ве интересира распределбата и бројот на корисници од Македонија, според мапата нема ниту еден корисник, иако не е исклучено да се избришани бидејќи биле малку. Мапата има два мода број на корисници по локација и процент на жени и мажи на локацијата. Според податоците над 85 отсто од корисниците на AshleyMadison се мажи, иако компанијата тврди дека бројот на жени е значително поголем од овие 14 отсто од протечените податоци.

„Од филтрираните податоци од сервисот за контакти, прв чекор беше да се отстранат чувствителните податови (име, адреса, имејлс и слично) Постојат две причини за ова: да го намалиме бројот на податоци со кои ќе оперираме и да ја заштитиме приватноста на корисниците. Останатите податоци како полот, датата на креирање на профил и градот се останвени. Поради ова не е можно да се поврзе било која точка на мапата со некој корисник. Дополнително ги избршавме корисниците од малите ненаселени градови за да не бидат откриени токму поради оваа причина“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии