Упс, му ги пробија Twitter и Pinterest прoфилите на Марк Закерберг

Марк Закерберг по сѐ изгледа долго време не е на Twitter и на Pinterest, а изглeда и дека не ги следи правилата за безбедност на Интернет. По пробивањето на базата на податоци на LinkedIn, податоците на г. Закерберг беа злоупотребени од група што се нарекува OurMine Team за пристап до профилот на овие социјални мрежи.

Лозинките на LinkedIn, Pinterest и Twitter биле исти, што е лоша пракса. Лозинката на г.Закерберг била „dadada“, јави ArsTechnica. Двата сервиса набрзина ја вратија контролата врз профилите, но не пред OurMine Team да објави дека ја имаат контролата врз профилот.

Можеби е помалку смешно, но навистина е тешко да се поверува дека обичните корисници ќе започнат да ги користат советите од експертите за безбедност, кога веќе основачите на најголемите технички компании не се грижат за безбедноста. Се надеваме дека Facebook е позагрижен за безбедноста на податоците на корисниците, отколку што г. Закерберг е загрижен за своите податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии