UPS ја тестираше својата прва испорака со дрон

Дејан Соколоски

во Вести

Најголемата компанија за транспорт на пакети UPS, е последна која тестира дронови за достава. Дронот полета од камион за испорака на UPS и слета пред куќата на купувач во Тампа, Флорида.

Дронот е поставен врз камионот на UPS, но возачот од камионот може да го смести пакетот директно во  приколката. Дронот е автономен и нема потреба од управување со навигатор. Рутата во овој случај беше одредена претходно. UPS планира во иднина навигацијата и изборот на рута да го прави On-Road Integrated Optimization and Navigation (ORION) софтверот. Компанијата користеше дрон кој може да лета 30 минути и да носи пакети со тежина до 4.5 килограми.

Претходно имаше повеќе компании кои тестираа испорака со дронови во помал радиус директно од магацинот. Тестот на UPS е нешто што ќе може да се користи во испораката, а UPS е позната како една од најштедливите компании.

„Замислете триаголна рута на испорака во која двете станици се неколку километри растојание по пат. Испорака на само една од овие три локации со дрон може да ги намали извозените километри и значително да ја намали цената на испорака.“, вели Марк Валас од UPS.

Компанијата претходно разви метод за испорака со најмал број свртувања во лево. Иако изгледа помалку чудно, ова на UPS им заштеди 32.6 милиони километри пат, јави The Next Web. Токму поради ова, секое решение од UPS е можеби малку поинтересно од останатите.

Image: UPS

 

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии