Управување со Active Directory хостиран на AWS Cloud

Image courtesy of Amazon

(Ова е гостински пост на Васил Буралиев, ко-основач на VBU Consulting. Постот е првично објавен на VBU.mk, и e реобјавен со негова дозвола.)


AWS WorkSpaces е еден од сервисите на Amazon кој овозможува потполно менаџиран сервис во облакот кој на корисниците им обезбедува десктоп/работна станица во облакот.

AWS Directory Service e Amazon сервис кој доаѓа со повеќе начини на поставување и работа со „Cloud Directory“ на Amazon. Креира можност за креирање на инстанци на AWS Managed Microsoft AD креиран навистина на Microsoft Directory Services.

Active Directory Administration Tools се алатките од Microsoft наменети за менаџирање на корисници и уреди во Active Directory.

Ако го користите AWS WorkSpaces ќе ви биде потребен директориум (Directory) за креирање и управување со корисници кои имаат пристап до компјутерите-базирани во облакот. Active Directory Administration Tools се достапни за Windows 7, 8 и 10 и може да ги инсталирате на WorkSpace. Вашиот WorkSpace му се доделува на корисник во директориум и ако инсталирате AD Administration Tolls ќе имате лесен пристап до доменот.

Инсталација на Active Directory Administration Tools на AWS WorkSpace

Логирајте се на Windows AWS WorkSpace со AWS WorkSpace клиентот.

 

Одете во Control Panel и одберете Programs and Features.

 

Одберете Windows features on or off и оттука AD DS and AD LDS Tools.

 

По додавањето на AD административната алатка оперативниот систем можеби ќе треба да се рестартира. По ова алатките се инсталирани. Во Windows алатката за пребарување започнете да пишувате „Active Directory“ наскоро ќе ја видите „Active Directory Users and Computers“-алатката.

 

Мора да ги стартате „AD Users and Computers“ со корисник кој има дозвола да менаџира со корисници. Ова е администратор корисник кој се креира, заедно со инстанцата на директориумот (Directory).

 

Потоа ќе може да ja видите AD Users and Computers алатката која овозможува менаџмент со корисници. Пронајдете го users-директориумот во „domain name“-фолдерот.


Одберете постоечки корисник и потоа „Properties“ за да менаџирате со деталите на корисникот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии