Управувајте со PDF документи со PDF24 Creator 9

PDF документите се широко-распространети, а нивната употреба од исклучителна важност. Поради тоа, потребен ви е пакет од алатки со кои можете, не само да создавате вакви документи, туку и да ги отцепувате, односно спојувате, како и да ротирате и реорганизирате страни, или пак да вметнувате водени жигови, односно печати.

PDF24 Creator е пакет со алатки кој го овозможува сево ова, без да, притоа, ви бара пари за услугата. Сите алатки се апсолутно бесплатни за користење, и, по одредено привикнување, лесно ќе можете да добиете целосна контрола врз вашите PDF документи.

Најновата, деветта верзија на PDF24 Creator ja проширува функционалноста со неколку нови опции, како пофлексибилни можности за ротација. Дополнително, merge with zipper опцијата ви дозволува да спојувате документи задно, но страна-по-страна. Имено, да ги споите сите стр. 1 од сите документи, па потоа сите стр. 2 од сите документи, и така натаму.

PDF24 Creator 9 конечно ви дозволува да го вратите стариот редослед на страниците од PDF документот, а, во ситуации на автоматско сочувување, ве прашува за име и локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии