Управувајте со фотографиите со Image Tuner

Image Tuner e софтверска алатка со која можете да правите најразлични промени на повеќе слики од еднаш. Па така, на брз и ефикасен начин, можете да ја менувате нивната големина, но и да им ги менувате имињата, како и да им го менувате форматот.

Доколку сакате, можете да наметнувате и ефекти и акции кои се од едноставен карактер. Се мисли на акции како превртување, ротирање, или отсекување на делови од сликите, како и вметнување филтри, граници или, пак, менување бои.

Се што треба да направите е да изберете слики, а потоа и какви акции сакате на сите нив од еднаш да им се извршат.

Најновата, седма верзија се подновува со нови икони. Новите надополнувања на корисничкиот интерфејс се замислени да го олеснат приказот на екрани во висока резолуција, како и да ги подобрат перформансите. Во одделот Tasks, ќе најдете нови ефекти во форма на Greyscale и Sepia.

Иако алатка е корисна за вакви операции, упатуваме замерка кон нејзиното форсирање непотребни, дополнителни програми при инсталација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии