Управувајте со фајловите во вашиот телефон со Files

Копање низ фајловите во вашиот телефон знае да биде фрустрирачко, особено доколку не користите соодветна апликација.

Иако постојат многу, подеднакво корисни алатки за управување со фајлови, алатката на Google, Files, се истакнува поради неколку причини. Пред неполн месец дена, од Google го прославија користењето на алатката од над 100 милиони корисници, на месечно ниво. Популарноста воопшто не нè изненадува.

Преку едноставен интерфејс, Files им дозволува на корисниците да преместуваат и споделуваат (шифрирани) фајлови, како и да ослободат простор од нивната Android направа така што ќе избришат непотребни податоци (исклучително корисно за сите што се ограничени во поглед на просторот). Згора на ова, лесно можете да правите бекап на вашите податоци на облак, како и да добивате корисни совети за поголема просторна економичност.

Најновата верзија на Files се одликува со две одамна посакувани опции. Dark Mode ви дозволува подобро искуство на прегледување фајлови во слабо осветлени простори. Вториот новитет е во поглед на подобрениот интерфејс и надградени можности за полесно пуштање мултимедијални податоци директно од самата апликација, дури и доколку немате пристап до интернет.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии