Според информациите на Државниот завод за статистика на Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа), вели Слободен софтвер Македонија. Еве го останатиот дел од нивното соопштение:

Во 2010 година употребата на „бесплатен (open source) оперативен систем пр. Linux“ во приватниот сектор е 11%, при што постои значителна разлика помеѓу употребата на вакви системи во малите компании (до 50 вработени) каде употребата е 8,7% и големи (над 250 вработени) каде употребата е 28%. По класа на типот на дејноста според Националната класификација на дејности предничат компаниите што се бават со „Финансиско посредување“ (класи 65, 66, 67) и „Деловни активности“ (класи 70-74). Во овој извештај не постојат посебни податоци за ИКТ секторот.

Во 2011 истражувањето на Државниот завод е подетално. Покрај употребата на „Оперативен систем пр. Linux“ каде според податоците е забележан раст од 10 процентни поени (просекот е 22,2% за целиот приватен сектор – а сите групи според големината на субјектите имаат отприлика ист процент на употреба од 21-23), во истражувањето има податоци и за употребата на друг слободен софтвер. Така, „Софтвер за интернет пребарувач, пр. Mozilla, Firefox“ користат 63,3% од компаниите (57,1% малите, 66,1 средните и 78,6 големите компании), а „Офис софтвер пр. OpenOffice“ користат 34,6% од компаниите (34,2%, 31,6%, 50,6% соодветно).

Според дејностите, употребата на „Open Source оперативен систем пр. Linux“ е најголема во одделот „Информации и комуникации“ каде 65,3% од субјектите користат ваков оперативен систем, потоа следат „Финансиските дејности“ со 51,6% и „ИКТ секторот“ со 58,1. Најмалку субјекти што користат ваков систем има во „Градежништво“ – 18,8%.

За подетални информации видете ги официјалните соопштенија на Државниот завод за статистика на следниве URL-а:
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=97&rbrObl=27
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=76&rbrObl=27

5 коментари на “Употребата на слободен софтвер бележи раст во Македонија

  1. @dfgd веќе подолго време бараме документирани информации за ова. ако имаш нешто што е повеќе од муабет, те молам пиши.

  2. Да му дадеа право на избор од ФЗО на медицинските работници , цело здраство ќе беше на Linux, а не да ги условуваат да си праат монопол Windows 7 Proffesional морало.

  3. Понекогаш додека читам некоја статија на сајтов, си викам: „ги мрзело да преведуваат, па на Google Translate го ставиле текстот“, ама ова е македонска вест, па навистина се чудам како може некој да напише „Софтвер за интернет пребарувач“, или Open Source да биде преведено како бесплатно.

    1. Наместо да го критикуваш сајтот, или Слободен софтвер Македонија од кои е преземен текстот, треба да сфатиш дека „наводници“ се користат кога се цитира.

      Терминот „бесплатен (open source)“ се наоѓа во официјалниот документ на Државниот завод за статистика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии