„Покрај основната обука на наставници за нивни основни знаења за компјутери и интернет нивното воведување мора да опфаќа и детална обука за примена на основните вештини во образовниот процес, бидејќи компјутерот е само алатка која се става во контекст на ширење на знаењето. Потребно е добро и сеопфатно планирање на процесите со вклучување на сите заинтересирани страни, со примена на инклузивност, транспарентност и отчетност.“ вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис кои заедно со Институтот отворено општество – Македонија објави истражување за „Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ“.

Истражувањето е осврт на користењето на компјутерите во наставата преку ученички и наставни искуства и анкети кои се доста интересни и разновидни.

Пример, ученикот Симе наоѓа информации од Wikipedia, 12 годишната Ана вели дека има страници со текстови и учебници и се многу лесни, додека професорот Дамјан вели дека имајќи ги децата како Facebook пријатели не му се допаднало, па затоа отворил блог за комуникација со свите ученици. На крај има и интересни и корисни препораки од родителите, учениците и наставниците за подобрување и подобро организирање на наставата со компјутер која се чини се уште е на соодветното ниво.

Истражувањето е одлично за споредба со неодамна објавената Националната стратегија за е-содржина.

„Денес, повеќе од било кога, ИКТ не го дефинираат општеството само од аспект на пристап до информации туку ја диктираат неговата трансформација во општество на знаење, стручност и вештини.“ стои во воведот на истражувањето на Метаморфозис кое можете да го погледнете подолу или да го симнете од нивниот сајт.

Izvestaj_Metamorfozis_FIOOM_062010

1 коментар на “Употребата на компјутери и интернет во образованието

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии