Упорноста се исплати, Wounded доаѓа на Steam

Трета успешна македонска Greenlight игра на Steam. По Excubitor и BOB RG 42, хорор авантурата Wounded ќе биде достапна на Steam. Патот на Wounded до издавањето не беше лесен. Сепак упорноста и ентузијазмот на Workbench Studios е можеби и вистински позаказател за она што е потребно за успех. Workbench имаа две неуспешни кампањи – една на Indiegogo и една на Kickstarter. За среќа, сѐ е добро што добро ќе заврши, и нивниот трет обид на Steam заврши успешно.

Тимот кој работи на Wounded се смени од првата најава за играта. Workbench Studios е основано од средношколците Бојан Веселиновиќ, Тимоти Глигоров, Сергеј Спировски и Мартина Баракоска, кои секој слободен момент го поминуваа во развој на играта. Подоцна на тимот му се приклучија и Васко Атанасовски, Горан Граорковски и Николај Јанушев, но дел од првите развивачи заминаа.  Сега, по повеќе од две и пол години од првата кампања излегувањето на Wounded е поизвесно од било кога.

„Не очекувавме толку високи резултати на Steam. Завршивме во топ 20 игри од над 3.000 видеоигри. Чувството е одлично. Следно е максимален фокус и посветеност за завршување на играта целосно и подотовки за издавање“, вели Бојан Веселиновиќ, кој е дел од Wounded од почетокот.
Играта ќе биде достапна на Widnows, Mac и Linux, но за ова и повеќе дополнителни податоци подоцна.
„ За продажба сепак е рано да се каже специфична дата, Wounded е во завршна фаза, но уште има има доста работа за да се исполира“, додава Васко Атанасовски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии