Unreal сега e бесплатeн, Unity e подобар, но што значи тоа за развивачите на инди игри?

Развивачите на видео игри сега имаат причини за радост. Се започна со изјавата на Тим Свини, основач на Epic Games, со која објави дека за Unreal Engine 4 повеќе нема да биде потребна месечна претплата. Плаќањето на лиценцата од 5 отсто за секоја игра која ќе заработи над 3.000 долари за тримесечије останува, но Unreal Engine 4 сега е подостапен за сите и бесплатен до оваа граница.

За кус период следеше и одговорот на Unity, кој ја издаде петтата итерација на Unity 3D енџинот. Unity Professional верзијата доаѓа за 75 долари месечно, но без дополнителна наплата за игрите, што за успешна игра без сомневање е поисплатливо. Unity 5 освен што е бесплатна, се разбира доаѓа со ограничувања, но за девелопери кои заработуваат помалку од 100.000 долари доаѓа без дополнителен товар на буџетот. Дополнително дел од функциите кои досега беа достапни во Pro-верзијата сега се достапни и на бесплатната верзија.

Конечно и Valve излезе со соопштение дека https://steamdb.info/blog/source2-announcement/” target=”_blank”>Source 2 енџинот може да се користи бесплатно. За сега нема премного податоци околу Source 2, но без сомневање ќе овозможува издавање на игрите на Steam што е значителна предност.

Што значи ова за развивачите на игри?

Разговаравме со Кристијан Трајковски од студиото Dark-1 и Петар Котевски од Kamai Media кои велат дека од бесплатниот софтвер најмногу ќе добијат независните, инди-студија кои сега имаат повеќе ресурси да креираат.

„Мислам дека ова позитивно ќе влијае на индустријата и дозволи влез на многу независни девелопери, досега голем дел од давачките за започнување на инди студио (кое работи 3д игри) беа давачки за набавка за енџин (1.500 евра за Unity, 20 евра месечно за Unreal Engine“, вели Кристијан „Во следниот период очекувам дека во гејминг индустријата уште толку ќе се зголеми бројот на независни студија.ама ќе стане потешко да се успее, сатуриран маркет“.

Петар смета дека креаторите на енџини се обидуваат да го решат проблемот со недостаток на искусни кадри на пазарот, а со тоа и да ја направат инвестицијата во технологија поисплатлива. Оваа стретегија не е новост и Microsoft ова го прави одамна преку Bizspark програмата, додава Петар.

„Интересен развој на настани. Во суштина, проблемот е со недостатокот на искусни кадри на пазарот, во околина во која се помалку се исплаќа инвестиција во технологија. Овие потези се всушност обид да се добие поголема количина на веќе квалификуван кадар за некој енџин што посредно помага во етаблирањето на даден енџин помеѓу девелоперите на игри“.

Според Петар, креаторите на енџини се надеваат дека развивачите ќе можат полесно да се запознаат со енџините и платформите дури и ако го работат тоа како хоби. Трката сега е кој ќе успее да привлече повеќе девелопери коиќе креираат повеќе игри.

„Поентата е дека ти нешто ќе работиш дома, шансите дека ќе го довршиш се мали, ама еве барем додека работиш, учи се на нашата платформа, па после ќе можеш да кажеш дека имаш Unreal experience на следното интервју за работа, плус Unreal ќе може да каже дека толку и толку илјади луѓе се регистрирале како девелопери, и знаат НЕШТО за Unreal, па тоа ќе го користат да ги убедат издавачите и големите девелопери да купат Unreal лиценци бидејќи тоа е енџинот на кој сите работат“, вели Петар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии