Unreal Engine 4 е достапен за сите со претплата

Epic Games најави поголема достапност на следната верзија на Unreal Engine. Unreal Engine 4 ќе доаѓа за претплата од 19 долари и 5 отсто од приходите на играта која ќе го користи Unreal Engine 4. Претплатниците ќе добијат пристап до се од Unreal Editor до комплетниот C++ изворен код за Unreal Engine 4. Unreal Engine 4 развојната алатка доаѓа за PC и Mac, а со него корисниците ќе можат да креираат игри за Mac, PC, iOS и Android, покрај ова UE4 доаѓа и со поддршка за виртуелна реалност.

„Индустријата се промени последниве неколку години, од Unreal Engine 1 до Unreal Engine 3 видовме како тимовите растат 10 на 100, а проектите стануваа поголеми…”, вели Тим Свини од Epic за Engadget. „Последниве неколку години беа вистинско откровение, отворање на индустријата за инди развивачите кој не само што права одлични игри туку имаат и огромен успех, како финансиски така и испорачувајќи одличен продукт до корисниците. Следниот потег за Epic е да стигне до овие корисници, да направиме енџин и се што е потербно достапно до сите.“

Најголем конкурент на Unreal Engine ќе биде Unity кој веќе влегува во својата петта итерација. Сепак без навлегување во разликата во квалитетот и разликите помеѓу Unity 5.0 и Unreal Engine 4.0 кога е во прашање единствено цената Unreal доаѓа за 19 долари и 5% од профитот, а Unity Pro чини 75 долари месeчно и дополнителни 75 долари за Android и 75 долари за iOS.

[youtube]cS6q1H23njM[/youtube]

[youtube]XDsJOFyxMnw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии