Унгарците протестираат против закон за оданочување на Интернетот

Илјадници граѓани на Унгарија ги кренаа своите мобилни телефони во знак на протест на предлогот на унгарската влада да воведуве данок за Интернет. Најголемите протести се одржаа во главниот град Будимпешта, но и во Печ, Мишколц и Веспрем каде можеше да се слушнат повици „Демократија, демократија“, „Виктор губи се“ и „Цензура цензура“, јави BBC.

Предлогот на владата е плаќање на данок од половина евро (150 форинти) за секој гигабајт. А најавени се амандмани од владеачката партија во Унгарија – Fidesz, со кој максималниот данок кој може да се плати за интернет се ограничува на 2.33 евра (700 форинти). Протестите се разгорени бидејќи граѓаните доплнително сметаат дека владата сака да го ограничи пристапот до информации кои доаѓаат од неконтролираните медиуми. Протестантите на владата и дадоа 48 часа да го повлече законот, а потоа протестите продолжуваат. Facebook групата креирана за спротивставување на законот веќе има 200.000 подржувачи.

„Сакаат да ни го ограничат пристапот до информации, мислат дека сме овци и ќе не одвлечкаат до државните медиуми“, вели еден од демонстрантите за Wall Street Journal. Шефицата на Ддигитална агенда на Европската Унија, Нели Крос, го нарече предлог законот срамен.

На Премиерот на владата на Унгарија Виктор Орбан и досега во Европската Унија гледаа како на автократ, а обвинувањата за автократија доаѓаат и од дел од граѓаните. Противниците на кампањата го прогласија законот за недемократски, а најмногу ќе ги погоди сиромашните.

[youtube]Hmx6ki-Ww2g[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии