Уморни и ненаспиени, но 250-те учесници на Global Game Jam направија 51 игра за три дена

Уморни сме и ненаспани, а утре сме на работа, но сепак следната година дефинитивно доаѓаме пак, велат креатори на игри од тимот Last Minute Check In кои прв пат учествуваа на Global Game Jam, тридневен гејминг хакатон кој се одржа истовремено од 29-ти до 31-ви јануари во 78 градови ширум светот. Во Скопје, Битола и за прв пат во Охрид учествуваа 250 учесници кои креираа видеоигри на тема „Ритуал“, на настан организиран од Македонска асоцијација за развивање игри, МАГДА.

Судејќи според импресиите, организаторите на Global Game Jam имаат на што да бидат горди. „Ова е најдобриот Game Jam што сме го имале до сега“, велат организаторите на настанот во Скоје, Даниела Спасовска, Гораст Цветковски, Кристијан Трајковски и Марко Палоски. „Оваа година има помалку посетители, но многу повеќе игри. За разлика од претходните две години кога луѓето повеќе гејмаа, сега се прават повеќе игри“, додава Даниела.

12628624_1082170911801776_211316014067151015_o

12605453_1082153545136846_983550498121022075_o

Посетителите во Скопје можеа да видат 23 нови игри, во Битола се направија 16 игри, а во Охрид околу 12. Повеќе слики има на следниов линк. Игрите се изработени на речиси сите платформи: Unity, Unreal Engine, RPG Maker, Construct 2, Scratch и WebGL. Несомнено најпријатно изненадување е огромниот број на млади натпреварувачи како и тимот составен од девојки кој беше дел од учесниците во Битола.

„Технолошки многу напред отидоа тимовите, имаше неколку игри направени во Unreal Engine 4, а воедно и презентациите еволуираа за разлика од минатите години, со тоа што многу од тимовите имаа направени специјални верзии од игрите за да можат да ги покажат сите елементи кои ги креирале за време на настанот. Мислам дека не треба да се делат награди на вакви настани со цел да се поттикнат учесниците да експериментираат со игрите наместо да прават клонови од веќе постоечки игри, но тоа останува на организацијата да ги имплементира во следните години“, вели Данко Димоски од GG.mk, кој е учесник на сите досегашни гејмџемови, иако овој пат беше член на жирито.

12473656_1082355198450014_2812860824155846935_o

12615658_1082170751801792_4956009556458968834_o

Иако Global Game Jam нема натпреварувачки карактер и е многу повеќе дружење меѓу гејмерите, сепак се избираат и најдобрите игри. Тимот Allone со Summoning rituals for dummies за прво место; Team A со The gods will help us за второ; Кобзон со Spiritual Ritual за трето место. Специјална нaграда доби Team Tim за Right Of Passage, а Филип Фимитровски од Ritus e добитник на SEDC стипендија. Награда од Seavus Incubator доби TT&S за Ritual404. Во Битола победник е тимот DWINGL со Totems, а тимот е првиот штитеник на Game Developers Hive во Битола. Brutal ossification со Half Evil 333% се второ наградени, а награди добија и Палци со Палецот на Цане, The Chups со 13 Murders (тим составен само од девојки), 8BIT Gамерс со Pixel Cult, Cool Kids & Old Guy со The Day.

Честитки за сите учесници на GGJ кои успеаја да направат игра и да се дружат со македонската гејминг заедница! Се надеваме дека „срамежливата“ најава ќе се оствари и следната година Global Game Jam ќе се организира и во Прилеп.

12633653_1082356145116586_2988696269245811907_o

12621972_1082354601783407_725600788070516105_o

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии