Ултимативна приватност со Tails 3

Доколку сте загрижени за приватноста и барате преносливо решение кое вешто ќе ги крие вашите активности од љубопитните очи, тогаш Tails е алатката која ви е потребна. Tails или The Amnesiac Incognito Live System е оперативен систем заснован на Linux кој е целосно фокусиран на приватноста, а може да се покрене од DVD, USB или SD картичка.

Овој бесплатен систем го крие корисникот така што го маскира идентитетот и локацијата, ги шифрира податоците, мејловите и чет сесиите, а и штити од најразлични штеточини.

Најновата, трета верзија на Tails е заснована на Debian 9 оперативниот систем и се одликува со нов начин за вклучување и исклучување, подобрен изглед на декстоп површината и бројни безбедносни подобрувања. Поради безбедносниот ризик кој се провлекува со 32 битните системи, Tails 3 е осмислен да може да се покрене само од 64 битни направи. Во склоп на оперативниот систем имате на располагање и апликации за канцелариски активности, едитор на слики, програм за цртање и едитор на звуци, односно LibreOffice, GIMP, linkscape и Audacity.

Многумина корисници знаат да бидат претпазливи кога се работи за интеракции во непозната, Linux околина, но доколку имате искуство со постарите верзии на Windows, тогаш шансите се дека ќе се чувствувате како дома со третата верзија на Tails.

Интернет сообраќајот во Tails се пренасочува со потенцијалите на Tor – прелистувач кој спречува надгледување на вашата интернет конекција и дознавање кои сајтови ги посетувате, не заборавајќи, притоа, и да ја маскира вашата физичка локација и да ви дозволи да посетувате сајтови кои не би можеле да се посетуваат преку нормални канали… прочитај повеќе!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии