За МВР протестите не се проблем, колку што се насилните коментари, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Според него, говорот на омраза, злоупотреба на мрежите да се шират дезинформации, повикување на насилство се причините поради кои се бришат постовите. Пример за дезинформација кој го наведува тој беа групите за Даниел. На почетокот во понеделникот откако се дозна инцидентот, поради погрешна изјава на очевидец, медиум-два споделија дека претепаниот дечко се вика Даниел и е од скопската населба Ѓорче Петров. Tоа беше прифатено од твиреџиите кои започнаа да споделуваат информации со хаш-таг #daniel, а на вечерните протестите имаше дури и транспаренти „те сакаме Даниел“. Ваквото дезинформирање за време на истрага ја натерало полицијата да трага по тројца Даниели на таа возраст кои се од Ѓорче, што според г. Котевски, одзело време од истрагата.

Насилните коментари и говорот на омраза го наведе и МВР да искоментира дека ја следат комуникацијата на Twitter и Facebook и дека може да поднесат кривични и прекршочни пријави против корисниците кои повикуваат на насилство, но бидејќи се беше во ред со протестите нема основа за такво нешто.

„На протестите немаше инциденти, беа мирни протести, така пријави против корисници немаат основа бидејќи ништо не се случи. Може да се каже дека сите насилнички коментари беа фигуративни.“, вели г. Котевски.


Правно, според неколку правници со кои разговаравме, MВР може да спречи Facebook и Тwitter корисници да повикуваат на насилство, како превентивна мерка за посериозни инциденти, но не може да им поднесе кривична или прекршочна пријава против нив се додека тоа дело не се случи. Дополнително, Facebook и Twitter коментари и постови сé уште не можат да се искористат во македонските судови како валиден доказ за или против некој, сé уште се неофицијален извор и ќе мора да се докаже дека тие се поврзани со корисникот, дека се од корисникот и дека се остварило делото.

Но… спорeд член 18 од Кривичниот законик:

Подготвувањето на кривично дело може со закон да се определи како посебно кривично дело или со закон може да се пропише казнување за подготвување на определено кривично дело.

Според член 23:

1) Тој којшто друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.

2) Тој којшто друг со умисла го поттикнува на извршување кривично дело за кое според законот може да се изречат пет години затвор или потешка казна, а нема да се направи ни обид за дело, ќе се казни како за обид на кривично дело.

Слобода на говор и право да се протестира

Во целава ситуација со убиството на Мартин и користењето на друштвените мрежи, постои тенка линија меѓу слобода на говор, право да се протестира и говор на омраза што се случува по друштвените мрежи.

Сите имаме гарантирано право на изразување, слобода на говор, и право на јавни собири и протести, но тоа не е дозволува говор на омраза, вели Никола Петровски, магистар по меѓународно право.

„Сепак, ова не се апсолутни права и во одредени случаи државата, во случајов МВР има право да интервенира и да ни ги ограничи, како на пример во случај на говор на омраза и ширење расна или етничка нетрпеливост. Сепак за да може една држава да ограничи едно од овие права, треба да бидат задоволени строги критериуми. Така, доколку некој јавно повикува на насилство и криминално однесување, тој/таа може да биде спречен/a со цел да се избегнат посериозни последици. Ова сосема го оправдува чинот на остранување на веб постови кои содржат повици на директно насилство.“

Но, не може да се каже дека протестантите не треба да бидат гневни кон полицијата, или да не протестираат, бидејќи сепак загина млад човек, а во Македонија полициската бруталност не е нешто ново, како и што не е ново и да се види апсурден говор на омраза по македонските профили, групи и онлајн заедници.

„Државата не може да ги спречи луѓето да повикуваат на протест. Протестите во случајов се делумно против МВР, тие треба да очекуваат изрази на незадоволство и навреди, пцовки и слично. Но тоа не им дава никакво право да спречат протест. Значи, правото на јавни собири и правото на говор ни гарантираат слобода да изразивме гнев против кого сакаме. Тука влегуваат и навредливи зборови кои може да ги повредат чувствата на одредени групи на луѓе.“, вели г. Петровски.

Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да ги користат друштвените мрежи преку events на Facebook да се договараат за идни протести и преку Twitter да споделуваат информации за самите настани и случувањата поврзани со убиството на 22-годишниот Мартин.

20 коментари на “Улогата на насилни постови и зошто МВР брише Facebook групи

  1. Имате ли одговор од ФБ…
    конкретно, доколку правилно го имате формулирано прашањето, тие би требале да ви вратат повратна инфо за: кој (веќе знаеме) и со каков аргумент (ова ни е важно) ги има избришано групите

  2. Eve vo sto e vmesana i mk policija (posto i prethodnite ministri kako i segasniot se pravat postenacini )

    Veza između Kosova i NATO trupa u Afganistanu

    Pranje novca, trgovina drogom i trgovina oružja su vrlo tijesno povezani i formiraju međunarodno trojstvo. Na Balkanu je ovo počelo kriminalizacijom albanske države (Republika e Shqipërisë) i kasnije Kosova.

    Kosovo i Albanija igraju veoma važnu ulogu u evroazijskom koridoru narkotika. Praktično nezavisna srpska pokrajina Kosovo, uglavnom nastanjena etničkim Albancima, ima čvrste veze sa NATO trupama u Afganistanu. Na Kosovu se opijum i heroin iz Afganistana dalje prosljeđuju na tržište Evrope i Sjeverne Amerike. Obje države, i Afganistan i Kosovo, su pod anglo-američkom dominacijom, "demokratizacijom", pod procesom "izgradnje nacije", sa američkim bazama na njihovim teritorijama i u orbiti NATO snaga.

    Albanija i bivša jugoslovenska republika Makedonija, koje su prezasićene narkoticima i oružjem, su također dio evroazijskog koridora droge.

    Droga i oružje protiču u suprotnim pravcima. Oružje ulazi u koridor, dok droga iz njega izlazi.

    Kosovski centar narko-industrije je vrijedan više stotina milijardi dolara godišnje u transportu i razmjeni.
    http://www.putvjernika.com/U-zizi/kolonijalistick

  3. Пред некја година обезбедувањето згази и човек на партизанска на пешачки мислел дека стариов ќе го слушне а човеков над 70г. и никому ништо освен стариот што е под земја. Едно е јасно бандити се бандити дали плави, црвени, портокалови која било боја од виножитото да се си остануваат бандити. Демократијата е вера во која челниците се лажни божанства, а разните полиции се само средство со кое насилно бандитите опстануваат на власт , менуваат закони по нивна желба и страст, додека другите ги третираат како робови. Дека е така погледнете ја најдемократската земја уса нејзини сојузници се кралства и монархии освен тоа уби 6 000 000 цивили во 9 крстоносна војна за да спроведе демократија.

  4. Да прашам 'Груевски', што има толку лошо да е некој анти-владино ориентиран?! Според тебе сите треба да се про-владино ориентирани?!

    1. it.com.mk дефинитивно е анти владино ориентиран сајт. Проблемот е во тоа што it.com.mk е сајт сто треба да се занимава со области поврзани со ИТ технологија !!! По дома што саккат нека прават :))

      1. Не. It.com.mk не е политички ориентиран, колку и да се трудите да залепите етикети. По дома може да си етикетирате колку сакате, тука не.

        It.com.mk се занимава токму со ИТ технологијата а тоа е Facebook, правата на корисниците во новиот ИТ свет, можностите на тој ИТ свет и да не набројувам… светот станува ИТ.

  5. Se ke napravat,samo da ja minimilizirat nivnata krivica,bezobrazno lazat,da se slucese ova vo demokratska zemja,ke imase milion luge na ulica,kakov govor na omraza,gluposti,samo mislat deka site vo zemjava se glupi nepismeni…i se nivni…..ZOSTO NE BRISEA FB POSTOVI VO EGIPET,LIBIJA,……E SEGA GLEDAJTE A NASATA DEMOKRATIJA,…….SEACI NA STRAV I PRIMITIVIZAM……

  6. Абе и прееска од мобилен пишав ама не се објавил коментарот изгледа. Член 23, точка 1 и 2 не се исти? Така ли треба да биде, да не е некоја грешка?

  7. господине Иво Котевски: наместо да поднесете оставка поради
    1. инцидент за кој вие сте одговорен и
    2. давање на лажна изјава а со тоа и манипулирање на јавноста,
    вие решивте да давате поголема причина за сомнеж во работата на МВР. сума сумарум, Вие сте мртов човек за мене.

    потребно е уште говор на омраза за да го искусам од прва рака бришењето на коментари?

  8. Наместо да се обидат да направат Damage Control со оставки, ДПМНЕ преку МВР се труди да ја скрие вистината. Неможе да поверувам дека во ДПМНЕ нема никој друг да биде министар за внатрешни и мора да е ГЈ, па со сите сили се обидуваат да ја направат невина. #martin

  9. neverojatno, prvin nemozat i nema zosto da gi brisat grupite, vo aspekt na pravo i vo aspekt na sigurnost. Sega zasega kako sto gledame protestite se slucuvaat i se odvivaat na miren nacin. nikoj dosega ne predizvika nikakov incident.

  10. Смешки. Разновидните полициски суштества смеат да убиваат, тепаат, демолираат објекти а ние не смееме да искажеме гнев на интернет и да бараме одмазда за брутално убиен млад член на ВМРО! Политичарите наши смрдливи смеат нон-стоп да користат говор на омраза и да повикуваат на некакви си конечни пресметки и да го делат народот a нас ни е забрането да навредуваме зошто не било во ред! Ма ебете се и МВР и сите политичари по ред…. Не уништивте.

    1. kade bese koga sdsm gi formira alfite i koga tepaa sve zivo i izvrsija nekolku ubistva za vreme na vladeenjeto na ore navedeniot rezim nikoi ne smeese ni da spomne za toa a kamo li nekoi nesto da napise a ne daj boze na protest da izleze

  11. Штом од фејсбук ги збришале значи имало причина да ги збришат. А вие кумановци од вакви анти-владини статии можете само да изгубите.

    1. „вие кумановци“ фактот што авторот на текстов и луѓето позади сајтов се кумановци менува нешто? оуууу да бе сега ми е јасно, у куманово сдсм е на власт… хммм колко ли IQ треба некој да има за да размислуе на овој ниво???

      1. Сајтов се меша во политика и уште полошо е анти-владино ориентиран и тој заклучок не ми е од оваа статија туку од долговремено следење на нивните статии. Они самите си знаат нема што вас да ве убедувам тука. Само почувствував потреба да искажам мое мислење без разлика дали ги интересира истото.

      2. Факти! Во статијава има изјава до портпарол на МВР – Иво Котевски.
        Има членови од ЗАКОН!

        Тоа господине Груевски се викаат ФАКТИ!, а не партиска или анти-владина пропаганда… Извини што не ти се допаѓаат фактите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии