Ulo е слатка и ефективна камера за надзор на вашиот дом

Ulo е паметна камера за надзор која комуницира со сопственикот преку изразот на „лицето“. За разлика од најголемиот дел на камери за надзор, Ulo комуницира преку апликација на паметен телефон директно со сопственикот. „Најголем дел од гримасите кои ги правиме се речиси идентични за сите култури. Јазикот на очите е една од најмоќните алатки за невербална комуникација,“ велат креаторите на Ulo.

e6ae2875680f80a28f2690be6a358d9d_original

Ulo e испрограмиран да реагира на тревоги, по кои започнува да испраќа видео и слики. Тревогата најчесто е детектирање на движење, кога сте го вклучиле уредот во мод на набљудување. Но, Ulo има и други функции кои го прават попаметен од обична камера, и доаѓа со опција да се поврзе со IFTTT, апликацијата за автоматизирање на процесите. На пример, ако се поврзе со временската прогноза, бувот може да биде радосен кога има сонце, а намуртен кога надвор врне. Дополнително доколку батеријата е под 10 отсто од својот капацитет, ова ќе го дознаете поради поспаниот изглед.

Уредот во моментов имаше успешна Kickstarter кампања преку која заинтересираните и поддржувачите да го добијат Ulo порано и поевтино. Цената на уредот е 150 евра, а првите камери ќе бидат достапни во ноември 2016 година. Проектот го поддржаа над 1.600 луѓе, а прибрани се околу 300.000 евра. До затворање на кампањата има уште 31 ден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии