Украсете го вашиот Steam профил преку Steam Points Shop

Мартин Јованчевски

во гејминг

Во случај да имате Steam акаунт, би можеле значително да го промените изгледот на вашиот профил со купување најразлични работи од Steam Points Shop.

Оваа специјализирана продавница постои нешто повеќе од половина година, но сакавме одново да го насочиме вниманието кон неа затоа што каталогот значително е проширен и можат да се најдат значително поголем број козметички работи како:

Доколку често купувате игри директно преку Steam, тогаш шансите се дека имате присоберено доста поени кои можете да ги искористите за значително разубавување на вашиот профил. Имено, за секое потрошено евро добивате 120 поени. Парите можете да ги трошите за купување игра, додатоко за неа, програм, музика, или за каква било микротрансакција.

Интересно е тоа што сега можете да купите со поените и каква било позадина или емотикон кој го има за каква било игра, нешто што порано беше можно само преку собирање карти или достапно за директно купување од пазарот со вистински пари. За жал, не ви препорачуваме да ги трошите тешко спечалените пари на овој начин, затоа што за повеќето работи значително се поисплати да си ги зграпчите од пазарот со вистински пари.

Нормално, во случај да имате толку поени да не знаете што да правите со нив, можете да ги искористите за да наградите некој од другите гејмери кои имаат оставено некаква рецензија за игра. Можете да го наградите трудот и на некои гејмери што поставиле корисен мод, интересен скриншот, водич, или пак едноставно имаат феноменален профил.

Steam Points Shop е дефинитивно интересен начин за еден вид суптилно наградување што сте верен муштерија на Steam. Доколку сакате да имате впечатлив профил или пак едноставно сакате да наградите нечиј труд, сигурни сме дека ваквиот екстра бонус е повеќе од добредојден!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии