Украинците го изгасија популарниот торент сајт Demonoid

Украинските власти го изгасија популарниот торент сајт Demonoid, а акцијата била закажана да се поклопи со гостувањето на украинскиот заменик министер Валери Кхорошковски во САД. Всушност гасењето на сајтот требало да биде поклон на американските власти, пишува Torrent Freak.

Demonoid минатата недела беше срушен од DDoS напад, а украинскиот дата центар ColoCall кој ги хостирал серверите на Demonoid вели дека властите побарале сајтот да биде изгасен. Власите не ги заплениле сите сервери, но ги ископирале сите информации од серверите на Demonoid.

Интересно, TorrentFreak вели дека Demonoid не ги нарушувал украинските закони бидејќи го блокирал пристапот на сите украински IP адреси. Но, сајтот пак нарушува бројни меѓународни закони, и најверојатно рацијата и гасењето било издејствувано од американските власти кои пак се под притисок од Холивуд и музичката индустрија да се справат со пиратеријата.

Украина веќе и има ветено на САД дека ќе ги подобри своите закони за заштита на авторските права, и се чини дека Demonoid е првата поголема анти-пиратска активност. Всушност, првото нешто споменато во официјалното известување од американските власти за трговија за средбата со украинскиот заменик министер е дека „мора да се воведе заштита“ на интелектуалната сопственост и авторските права.

1 коментар на “Украинците го изгасија популарниот торент сајт Demonoid

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии