Украдени се стотици милиони долари од сто банки во 30-тина држави

Најголемиот грабеж на банки е глобален, а во него се украдени помеѓу 300 милиони и една милијарда долари од повеќе од 100 банки во над 30 држави, јави New York Times. Станува збор за организирана сајбер банда која користи софистициран малициозен софтвер уште од 2013 година, што овозможува празнење на банкомати без притоа да внесат картички или да притиснат копче на истите. Ситуацијата е далеку посериозна бидејќи благодерение на инфилтрирањето успеале да ги научат навиките на службениците на банките и потоа преправени во службеници ги празнеле банкоматите, но и префрлувале пари од сметки.

Првиот забележан случај е во крајот на 2013 во Киев, Украина. Единствено што забележале камерите на банкоматите се купишта пари кои ги исфрла банкоматот кои ги собираат „случајните“ минувачи. Кога од банката ги повикаа Kаspersky lab бидејќи се сомневаа на грешка во банкоматот дознаа дека расипан банкомат е нивниот најмал проблем.

Хакерите со phishing измама најпрво го инсталирале софтверот на компјутерите во банките, а потоа се инфилтрирале во внатрешната мрежа на банките со што благодарение на камерите можеле да го следат секое движење на вработените, да ги научат нивните навики и практики и конечно да се преправаат во службеници на банките кои не само што ги празнеле банкоматите, туку правел трансакции од банки во Јапонија, Русија, Швајцарија, САД и Холандија на нивните сметки. Членовите на групата се од Русија, Кина, но и од Европски држави.

Од Kaspersky велат дека имаат потврда за украдени 300 милиони долари, но проценува дека украдената сума може лесно трипати да ја надмине споменатата. Проценката е тешко да се направи бидејќи нападите се ограничени на 10 милиони долари, а некој од банките се напаѓани неколкупати.

Kaspersky lab. најави дека деталната ќе го објави целосниот извештај денес, по што ќе имаме повеќе информации за нападите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии