Рекордна кражба во Јужна Кореја; украдени се кредитни картички на 20 милиони луѓе

Лични податоци за најмалку 20 милиони банкарски сметки и сметки од кредитни картички се објавени во едно од најголемите протекување на податоци кое досега го имала Јужна Кореа, пренесува Security Week. Со оглед на тоа дека Јужна Кореа има 50 милиони жители ова опфаќа повеќе од 40 отсто од населинието во оваа азиска држава.

Во украдените податоци има имиња на корисници, броеви на социјално осигурување, телефонски броеви, броеви на кредитни картички и датум на нивно истекување. Податоците се украдени од соработник на Korea Credit Bureau. Според податоци од KCB одговорните се веќе во притвор и се обвинети за крадење на лични податоци од серверите на три компании: KB Kookmin Card, Lotte Card and NH Nonghyup Card. Одговорните за криминалот веќе ги продале овие податоци на телефонски маркетинг агенции, а менаџерите на овие агенции се исто така во притвор.

За среќа на корисниците компаниите кои се зад кредитните картички ќе го покријат секој финансиски трошок на своите клиенти предизвикан поради овој немеил настан.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии