Украдени се податоци на 200.000 деца и 5 милиони родители од производител на играчки

Податоците на повеќе од 200.000 деца сe украдени по сајбер напад врз кинескиот производител на играчки VTech. Освен податоците за децата, украдени се и податоци за речиси 5.000.000 родители, што го прави овој напад четврта најголема кражба на лични податоци во историјата на Интернетот.

Кинескиот производител Vtech продава таблет компјутери, телефони за деца и монитори за бебиња, а од нејзината онлајн продавница може да се преземат апликации и е-книги за производите. Она што е можеби позастрашувачко е што компанијата за нападот дознала од новинари кои побарале изјава.

Помеѓу податоците се имињата, имејл адресите, лозинките, домашните адреси на родителите, но и родендените, полот и имињата на децата. Со оглед на поврзаноста на податоците, хакерите или оние кои ќе дојдат до податоците, ќе можат лесно да го дознаат идентитетот на децата и местото на живеење.

„Се чини дека ова е тренд. Производителите на хардвер не се загрижени за софтверот – претпоставувам дека ова е поради тоа што не можат да забележат никакви позитивни резултати од ова. Софтверот е лесен избор да се заштеди со минимални последици додека не се случи нешто вакво,“ вели Лери Салибра од платформата за тестирање на пропусти, Pay4Bugs, за Reuters.

Пробивањето е со SQL injection напад, а напаѓачот успеал да дојде до пристап на базата на податоци. „Беше лесно да дојдеме до податоците, но некој со позлонамерен мотив можел да дојде до податоците едноставно,“ вели хакерот за Motherboard. Напаѓачите велат дека немаат намера да ги објават податоците, но не исклучуваат дека некој пред нив дошол до истите податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии