Украдени се 4,6 милиони телефонски броеви од Snapchat

За Нова година од популарниот сервис за споделување на краткотрајни пораки Snapchat беа украдени над 4,6 милиони профили на корисници од Северна Америка. Профилите беа јавно објавени на SnapcharDB страната која сега веќе е недостапна. Тоа што претставува проблем за сите пробиени профили е што иако Snapchat ги крие последните бројки на телефоните, сепак напаѓачот се понуди да ги достави и нецензурираните податоци до заинтересираните. Нападот ја искористува слабоста која пред една недела ја објави Gibson Security, а станува збор за пропуст во „пронајди ги пријателите со телефонски број“ функцијата кој можел лесно да биде пробиена. Малку подоцна Snapchat призна дека доколку некој внесе огромен број на броеви ќе може да ги спои корисниците со нивните телефони.

„Искористивме модифицирана варијанта на пропустот на кој предупреди Gibson Security. Snapchat можеше лесно да го избегне ова доколку одговореше на пораките на Gibsonsec, но тие не го направија ова. Дури откако почнавме сериозно да напредуваме тие поставија недоволни препреки кои беа далеку од доволни. Пропустот сè уште постои, сеуште може да се собера овие податоци во голем обем“, вели SnapchatDB за Verge.

Со оглед на бројот на корисници кои користат слични комбинации на логин и лозинка, хакерскиот напад може да биде дури и поголем, а пробивањето на Snapchat профилите може за дел од нив да биде само почеток на проблемите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии