Украдени податоци за американскиот авион F-35

Податоците за новиот воен авион на САД, F-35 се украдени од австралиски центар за сајбер безбедност. Станува збор за помала компанија која сепак, имала пристап до проектите на Националната агенција за безбедност, јави ArsTechnica.

Натрапникот имал пристап до податоците на компанијата подолг период, во кој успеал да прибере значајни податоци. Според податоците од автстралиската компанија се украдени 30 GB податоци. Дел од податоците се однесуваат на авионот F-35, но украдени се и податоци за: P-8 Poseidon авионот, како и за C-130 Hercules.

Веста ја потврди и Одделот за одбрана на САД.

Најверојатно најчувствителен податок кој е украден, е дијаграм на сите елементи во австралиски воен брод.

„Можете да зумирате и да ги видите сите елементи до столот на капетанот, 1 метар од просторот за навигација“, вели Мичел Кларк од Australian Signals Directorate (ASD).

Добра вест е дека украдените податоци не биле класифицирани како тајна. Сепак податоците се чувствителни, а напаѓачот имал пристап и до електронската пошта.

Напаѓачот имал пристап до мрежата на компанијата од јули 2016 година. Пробивањето е откриено во ноември 2016 година. Според безбедносните експерти, пропустот кој го овозможил пробивањето бил присутен 12 месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии