Украдена алатка од NSA е кошмар за Балтимор

Од почетокот на мај локалната власт во Балтимор е под целосна сајбер опсада. Нападот затвори најголем дел од сервисите на градот, а оние кои не се зафатени од „ransomware“ и се на одделени системи се прекинати за да се спречи ширењето на малициозниот софтвер. Малициозниот код кој ги нападна системите за електронска пошта; продажба на недвижнини; наплата на вода; тревоги за здравство овојпат не е дел на злонамерен хакер. Над 10 000 компјутери се зафатени од овој напад.

И иако накратко откако градоначалникот и претставниците на градот поставија бекап Gmail пошта, изгледаше дека Балтимор ќе профункционира, но нормално тоа не се случи. Причината е тоа што автоматската заштита на Gmail се активираше и ги затвори профилите. Поради преголем број на активирани нови профили од иста мрежа заштитата ги исклучи сите профили. Проблемот немаше ниту да се случи ако Балтимор платеше за Google GSuite Government, вели Ars Technica.

Поради овие проблеми дел од претставниците на локалната власт започнаа да користат приватни профили и телефони за потребите на градот. Досега градските власти од Балтимор одбиваат да исплатат откуп. Откупнината која ја бараат напаѓачите е 100 000 долари во биткоин.

Кодот кој се користи во нападот е EternalBlue; алатката е развиена од Националната агенција за безбедност и не толку одамна беше понудена на наддавање од Shadow Brokers. Иронично и самата алатка е развиена во близина на Балтимор, вели New York Times. EternalBlue најчесто е користен против цели во САД. Над 400 000 инфицирани машини се во САД, 74 000 во Јапонија, 66 000  во Руската федерација и 47 000 во Германија.

Алатката денес им е достапна и на хакерски групи поддржани од држави како Северна Кореја, Руската федерација и Кина. Досега со EternalBlue е предизвикана штета од милијарди долари. Откако алатка излезе во јавноста, злонамерни хакери ја користат за да го шират својот злонамерен код насекаде, од јавен сообраќај, до електрани и болници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии