УЈП објави водич за ДДВ за физички лица

На 15 јануари истекува рокот за регистрација на данокот на додадена вредност за компаниите кои оствариле даночлив промет повисок од 1 милион денари.

Управата за јавни приходи објави и „Водич за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“. Водичот веројатно ќе биде од корист за сите кои сè уште не поднеле пријави.

Сепак она што ќе биде поинтересно за нашите читатели е како ова влијае на ИТ-секторот. Водичот има прилично добар пример од ИТ-секторот кој веројатно ќе ви покаже што треба да направите. Еве го примерот од водичот:

Лицето А го реализирало следното во текот на календарската година:

  1. примило плата според договор за вработување 600.000 денари,
  2. извршило изнајмување деловен простор во вредност од 200.000 денари,
  3. извршило ИТ консултантски услуги, и тоа:
    1. кон странски корисник во вредност од 400.000 денари,
    2. кон корисник во земјата во вредност од 600.000 денари.

Вкупната вредност на средствата што ги примило или треба да ги прими лицето А изнесува 1.800.000 денари.

Релевантно за утврдување на обврската за регистрација за цели на ДДВ е следното:

  • вредноста за изнајмување на деловниот простор (точка 2), бидејќи истото претставува промет на услуга од закуподавецот кон закупецот во висина од 200.000 денари,
  • вредноста за извршената ИТ консултантска услуга кон корисник во земјата во висина од 600.000 денари (точка 3.2).

Во пресметката за вкупен промет за цели на регистрација за ДДВ не влегуваат: ƒ

  • износот на платата според договор за вработување во висина од 600.000 денари (точка 1),
  • вредноста за извршените ИТ консултантски услуги кон странски корисник во висина од 400.000 денари (точка 3.1 ).

Оттука, вкупниот промет на лицето А релевантен за регистрација за цели на ДДВ изнесува 800.000 денари и истото лице нема обврска за регистрација за цели на ДДВ.

Судејќи по овој пример најголем дел од фриленсерите кои работат од Македонија немаат обврска за регистрација за цели на ДДВ. Секако ова важи исклучиво за фриленсерите кои работат кон странство, сите кои имаат проекти во Македонија секако ќе треба да си направат дополнителна пресметка.

1 коментар на “УЈП објави водич за ДДВ за физички лица

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии