Управата за јавни приходи очекува зголемување на даночните пријави од граѓани кои заработуваат на Интернет, пренесува Вест, повикувајќи се на изјава на УЈП. Ова пред сѐ се однесува на заработката од фриленс сервисите како Freelancer или Upwork.
„Една од категориите обврзници што треба да поднесат годишна даночна пријава за персонален данок на доход се граѓаните што во 2015 година имале приходи остварени преку Интернет: од е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страници, како што сe Freelancer, Upwork и други, од поставување реклами на сопствени Интернет страници и од прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари. Овој начин на приходување зема замав, а УЈП има начини да ги открие и оданочи оние што остваруваат приходи на овој начин. Многу граѓани бараат појаснување од УЈП дали треба да пријават данок за заработката која ја имаат преку давање услуги преку компјутер“, изјави Весна Новаковиќ од УЈП.
Со оглед на тоа дека рокот за пријавување на данокот од дополнителни приходи е до 15 март, наскоро ќе дознаеме дали навистина во УЈП имаат ефикасен метод да ја дознаат заработката на фриленсерите. Она што најверојатно ќе биде поинтересно е што можеби конечно ќе дознаеме колку од луѓето се фриленсери, и колку средства заработуваат.
Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.