Учиме наставници за ClassDojo и како да се употребува во наставниот процес

Ова е долг и детален текст, пропратен со чекор-по-чекор објаснувања за тоа каква алатка е ClassDojo и како може да се користи од наставниците. Наменет е првенствено за почетниците кои никогаш не ја користеле алатката, но и за оние кои сакаат да се запознаат со понапредни можности. Првин покажуваме што може Class Dojo, a потоа и објаснуваме како да си направите акаунт и како да ги вмрежите вашите ученици и родители.

Што е Class Dojo?

Примарниот фокус на Class Dojo е градење дигална заедница помеѓу наставници, ученици и родители со цел да се исполнат следниве три услови:

  • Следење и оценување ученици
  • Организирање часови и давање инструкции за активности
  • Информирање на родителите за активноста и успехот на нивните деца.

Од компјутер или од мобилен, можете да водите евиденција за учениците, да им доделувате позитивни или негативни поени, да им давате задачи или наставни ливчиња кои треба да ги извршат дома и да ви ги пратат во форма на текст, фотографија, цртеж, или видео, да управувате со дигитални портфолија, како и да поставувате видео часови кои ќе бидат гледани од учениците. Сево ова и многу повеќе во реално време ги информира и учениците и родителите.

Што можам да правам во Class Dojo?

  • Како да водите евиденција за кои ученици се присутни, а кои отсутни на (онлајн) часовите?

1. Еднаш кликнете на ученик и кругот ќе стане црвен за да забележите дека ученикот е отсутен. Уште еднаш кликнете и кругот ќе стане жолт, што значи дека ученикот задоцнил. Зелен круг значи дека ученикот бил на часот.

2. Со еден клик на Mark All Present може да изберете дека сите ученици се присутни.

3. Кликнете на Save Attendance за да се евидентира ситуацијата со посетеност за тој ден и тој час.

  • Како да доделувате позитивни и негативни поени за ученикот, во кои може да има увид и ученикот и неговите родители?

  1. Табела за доделување позитивни поени
  2. Табела за доделување негативни поени
  3. Од тука, можете да си внесете други критериуми за доделување одреден број поени.
  4. Можете да оставите конструктивен коментар за одредена активност на ученикот
  5. Од тука можете да го контактирате родителот, доколку се има приклучено кон одделението

  • Како да ги користите поените на ученикот за да го наградите онака како вие сметате дека е во ред?

Ученикот Александар има соберено 91 поен. Ќе му земеме 10 поени, а ќе го „наградиме“ така што ќе му дозволиме да нѝ биде асистент и да прегледува домашно недела дена. Александар добива известување преку мобилен за тоа.

  • Како да делите ученици во групи за да ги организирате и да им доделувате поени на поефикасен начин?
  1. Кликнете на Groups, па потоа на плавиот плус Add Group за да направите група.
  2. Ние имаме две групи, додатна и дополнителна
  3. Со кликнување на некоја група гледаме кои ученици се во неа и од тука можеме да доделиме поени за најразлични активности, индивидуално или на сите од еднаш.

  • Како да користите дополнителни алатки за управување во училница, со физичко присуство?

  1. До алатките пристапувате од Toolkit. Ова се нашите три најчесто користени:
  2. Timer помага за изработка на временско-чувствителни вежби каде учениците гледаат како тече времето на вашиот телефон
  3. Group Maker автоматски ги дели учениците во групи, за да нема лутење :)
  4. Noise Maker го активира микрофонот во вашиот телефон и секојпат кога учениците ќе станат премногу гласни се сигнализира и охрабрува намалување на гласноста

  • Како да правите, организирате и управувате со ученички портфолија?

  1. Кликнете на Portfolios за да добиете пристап до дигиталните портфолија.
  2. Од Create Activity давате инструкции за задачи кои треба да ги направат учениците и да ви ги пратат (Повеќе за ова подолу!)
  3. Тука ја имате листата на учениците
  4. Тука ги гледате најновите активности кои се сместени во портфолијата на учениците

За да внесете нов документ во портфолиото на Александар, кликнете на неговото име, па потоа на Add Post. Вака поставните изработки, можат да се лајкнуваат или коментираат од вас или од останатите ученици/ родители.

  • Како да задавате активности, домашни задачи и проекти?

  1. Кликнете на Create Activity за да започнете со давање инструкци за домашно
  2. Напишете го насловот на активноста тука
  3. Внесете чекор по чекор инструкции за тоа како да се сработи
  4. Изберете како сакате да ви биде пратено домашното од учениците. Дали како:
  • Текст
  • Видео
  • Фотографија
  • Цртеж
  • Наставно ливче

Worksheet, или наставно ливче ви дозволува да прикачите слика или документ со вежби кои подоцна дигитално ќе бидат решени од учениците со користење дополнителен програм (за тоа кој програм во друга прилика) и пратени на вас.

5. Тука бирате дали да се испрати активноста на цело одделение или само на одредени ученици

6. Кликнете на Assign to Class за да учениците бидат известени за нивните обврски

  • Како да поставувате статуси, фотографии, видео лекции, настани за кои ќе бидат информирани учениците и родителите?

  1. Кликнете на Class Story за да започнете. До него имате оддел Messages за текстуална комуникација со учениците и родителите.
  2. Враќајки се на Class Story, од кај бројката 2 поставувате фотографии, фајлови, снимате, или поставувате настани
  3. Од Upcoming Events сите добиваат увид за тоа кога е вашиот иден онлајн час, до кога да се заврши проектот, и слично

Како да создавам акаунт на Class Dojo?

Кликнете тука за да го посетите сајтот, а потоа на копчето Sign Up. Од ново-отворениот прозорец изберете Teacher бидејќи сте наставник.

Пополнете го новиот прозорец со ваши податоци, штиклирајте најдолу и кликнете на Sign Up.

Најдете го вашето училиште за да бидете одобрени од менторот. Тоа е тоа, честитки! Одиме понатаму!

Како да направам одделение со ученици?

  1. Од почетната страна, кликнете на New Class
  2. Од новоотворениот прозорец напишете како да ви се вика одделението, а под него изберете го одделението во кое предавате
  3. Одберете кои поени да се споделуваат со родителите:
  • Првата опција е за споделување позитивни поени
  • Втората опција е за споделување и позитивни и негативни поени
  • Третата опција е да не се споделуваат поени

4. Кликнете на Create Class за да се создаде одделението

  1. Кликнете на Add Students за да започнете со внесување ученици
  2. Тука го пишувате името и презимето на учениците. За побрз внес, можете да отворите електронски дневник и од таму да копирате и да префрлите тука
  3. Како уште побрзо решение, кликнете тука за да внесете документ со имињата на учениците и автоматски да се внесат
  4. Кликнете Save и вашето одделение е наполнето! :)

Како да ги приклучам учениците на Class Dojo?

  1. Кликнете на Student Login, па потоа нa
  2. At home login
  1. Ако сакате на Александар да му пратите порака кликнете на копчето Share

Кликнете на Copy Message, а потоа копираниот уникатен линк пратете му го на Александар, на неговиот и-мејл, Facebook, Viber или каде било.

Внимавајте: Ова е линк само за Александар! Ако сакате да пратите покана на Ангелина мора да ја изберете неа, па потоа да ја повторите истата процедура.

Како да ги приклучам родителите на Class Dojo?

  1. Кликнете на Invite Parents
  2. Class Invites е да споделите само еден линк за покана
  3. Од десна страна на името на ученикот го внесувате имејлот или телефонскиот број на родителот за да истиот добие покана откако ќе кликнете на копчето Invite!

Ви благодариме на вниманието!

Доколку го читате ова тоа значи дека издржавте како вистински шампиони! Честитки! Се надеваме дека научивте нешто ново и дека ќе ви користи во иднина. Доколку имате уште прашања или предлози се охрабрува секакво контактирање на авторот на овој текст.

Class Dojo create video series explaining mindsets for students – TheEdWire

1 коментар на “Учиме наставници за ClassDojo и како да се употребува во наставниот процес

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии