Учете Python со Костадин Ристовски: „Погодете го бројот“

„Осмото видео во серијата Python за почетници опфаќа кодирање на играта „Погоди го бројот” чекор по чекор за 9 минути. Видеото е одличен пример дека овој програмски јазик е лесен за почетници, земајќи во предвид дека по само 7 кратки видеа, може да се добие доволно знаење за кодирање на оваа игра.

Самото име „Погоди го бројот” објаснува доволно за самата игра. Всушност, Python одбира еден број во однапред зададен оспег (пример од 1 до 100), кој треба да биде погоден.орисникот има одреден број на обиди (пример: 10 обиди) да го погоди одбраниот број.

При секој обид, програмот враќа назад информација дали ние сме го погодиле вистинскиот број, или станува збор за поголем или помал број.

При зголемување на опсегот и/или намалување на бројот на обиди, играта станува потешка.

Погледнето го видеото и доколку Ви се допаѓаат видеата, кликнете Subscribe на каналот.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски автор на туторијалите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии