Учете Python со Костадин Ристовски: If, elif и else

При програмирање, има делови од нашиот код кои би сакале да бидат извршени, зависно од еден или повеќе други услови. За решавање на ваков проблем, се користат т.н. if-elif-else statements а во следното 10-минутно видео, има два примери преку кои може да научите како и кога истите се користат.

Во првиот пример, имаме листа од 100 броеви, за кои проверуваме за секој од нив дали е парен или непарен и го известуваме корисникот за резултатот. Односно доколку (if) при делење на бројот со 2, немаме остаток, би сакале да го известиме корисникот дека бројот е парен. Во секој друг случај (else), го известуваме корисникот дека станува збор за непарен број. Во овој случај има 2 можни сценарија, бројот е парен или непарен па соодветно е да се користи if-else statement.

Вториот пример вклучува повеќе од 2 сценарија па соодветно е да се користи if-elif-else statement. Имено, корисникот треба да одговори прашање за својата возраст, па зависно од одговорот, би сакале да добие соодветен одговор дали е доволно возрасен. Во видеото, границата во примерот е 21-година. Доколку (if) корисникот е постар од 21-година, би сакале да го информираме дека има дозвола за влез, но доколку (elif) корисникот има 20 години, би сакале да го информираме дека за 1 година би имал дозвола и во останатите случаи (else), би сакале да вратиме порака дека корисникот е премногу млад.

Треба да се има во предвид дека при користење на if-elif-else statements, може да има само едно if сценарио, бесконечно многу elif и само едно else кое ги опфаќа сите останати можни сценарија.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски автор на туторијалите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии