Учете Python со Костадин Ристовски: функции

Во ова деветто видео по ред, може да научите што е функција, кога е соодветно да се дефинира функција, и како тоа се прави во програмскиот јазик Python, преку примери наменети за комплетни почетници.

Функциите се од исклучително значење во секој програмски јазик бидејќи со истите се среќаваат и почетниците, но и експертите.

Имено, често се случува да одреден код го користиме повеќе пати во скрипта, во различни делови. Притоа, пишување на истиот код одзема време, но дополнително, при евентуална промена на дел од овој код, потребно е да се извршат промени во секој дел каде што овој код се применува.

Овој проблем се надминува со дефинирање на функција, која е всушност кодот кој би сакале да се изврши. Во тој случај, наместо да го пишуваме кодот, можеме да ја повикаме претходно дефинираната функција. Не само што со ова се заштедува време при пишување на кодот, исто така се заштедува време при евентуална промена, бидејќи во тој случај, кодот во самата функција би бил променет.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски автор на туторијалите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии