Научете над 30 јазици со Drops

„Ова е годината кога конечно ќе го совладам јазикот кој отсекогаш сум сакал. Време е да станам сериозен на тоа поле, нема повеќе играње“. Колку пати сте го слушнале или кажале ова?

Но, времето некако поминува; едната година лесно се заменува со наредната, а јазикот кој отсекогаш сме сакале да го зборуваме, иронично не задева со истите почетнички замки. Ова не би требало да е така, особено кога ќе ги земете во предвид неверојатните можности на Duolingo. Во случај да не ви се допаѓа тоа што имате многу вежби со пишување во Duolingo, би можеле да пробате да пронајдете малку поразлична алтернатива, а тука, стапува во игра една релативно нова апликација.

Drops (Android, или iOS) ви дозволува бесплатно да учите некој од 31 понуден јазик, но само по пет минути дневно. Според компанијата зад апликацијата, пет минути дневно е доволно време за учење нов јазик. Ваквите принципи „капка по капка“, не држат вода, особено доколку сакате навистина да го совладате јазикот. Да е тоа навистина така, Drops не би го заклучил временско-неограниченото учење зад претплата. Пет минути дневно е добро за релаксирачко навлегување во почетоците на еден јазик, особено доколку немате време за ваквата јазична посвета. Доколку ние се прашуваме, најдобро би било заедничко дружење и со Duolingo, и со Drops. Duolingo кога сте дома, а Drops кога сте во автобус, чекате ред или се наоѓате во ситуација каде сакате ефикасно пополнување на кратка временска дупка. Drops е одлична апликација за тоа, бидејќи интерактивното впивање знаење не е засновано на пишување, туку на влечење соодветна слика до одреден поим, поставување букви во целосни зборови, пополнување на работи кои недостасуваат, и слично.

Во случај на дополнителна посвета на Drops, во форма на претплата, или доживотна лиценца, добивате неограничено време за учење во текот на денот, повеќе јазици, пристап до алатката без интернет, бројни теми и изобилство од прилагодливи пакети.

За квалитетно запознавање со комплексните слоеви на одреден јазик може да ви послужи комбинираната употреба на Duolingo и Drops. Нема никакво сомневање дека се одлична отскочна штица. Но, за целосно совладување јазик и негова максимална употреба, потребно ви е многу повеќе од тоа. Потребно ви е вистинско искуство и употреба на ефикасни стратегии, нешто за што би можеле дополнително да поразговараме во иднина.

Во меѓувреме, секогаш е мноогу корисно да научите да зборувате клигонски, или додека ја чекате новата сезона на Game of Thrones – High Valyrian со Duolingo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии