Учете JavaScript со Никола Ѓоргиев – Pass by Value vs Pass by Reference

Никола Ѓоргиев е Unity Developer кој реши своето C# и Unity искуство да го сподели со сите преку YouTube туторијали. Овојпат Никола го споделува своето искуство со JavaScript, а понатаму и со React.

Видеата се одлично склопени едноставни за разбирање и што е вистинска реткост, на македонски.


И понатаму остануваме на иста тема со туторијалите, функции и параметри на функции.

Еве го делот од документот кој Никола го пишува заедно со видета и кој се однесува на ова видео.

Кога повикуваме функции во JavaScript, параметрите кој ги пуштаме во функциите се проследуваат by Value или by Reference, во зависност од типот на променливата.

Примитивните променливи се проследуваат by Value, а објектите by Reference.

  • Pass by Value – се проследува копија од променливата во функцијата, и доколку го промениме параметрот, оригиналната променлива нема да биде променета
  • Pass by Reference – се проследува мемориската локација од променливата, и доколку го промениме параметрот, и оргиналната променлива ќе биде променета.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии